Да патуваш по светот, до далечни земји, и тоа не само за да ги посетиш на неколку дена, туку да живееш во нив и да уживаш во нивната атмосфера. Во некои од најегзотичните држави во светот животот е прилично евтин. Авиобилетите до нив ќе бидат вашиот најсериозен трошок.
Погледнете осум убави држави во кои можете релативно евтино да претстојувате една година.
Дадена е просечната цена за изнајмување, што значи дека може да се најде и малку поевтино живеалиште:
Тајланд
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 300 долари, а за месечни сметки ви се потребни околу 70 долари. Во Тајланд има многу странци, кои ја одбрале оваа земја за свој дом или едноставно за место каде претсојуваат неколку години. Тајланд е атрактивна дестинација, која ја посетуваат 12 милиони туристи годишно. Поголемиот дел од посетителите тука доаѓаат во зима, кога во северната хемисфера е студено. Локалните жители се многу љубезни, а кујната е одлична.
Гватемала
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 320 долари, а за месечни сметки треба да издвоите околу 120 долари. Гватемала е еден од центрите на цивилизацијата на Маите. Официјален јазик е шпански. Странци можат лесно да најдат сезонска работа или едноставно да предаваат англиски јазик.
Малезија
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 223 долари, а за месечни сметки ви се потребни околу 50 долари. Населението е околу 22 230 жители. Официјален јазик е малајски, но се користат уште и англиски, кинески и индиски јазици. Годишно, земјата е посетувана од околу 6 милиони туристи, што им носи приходи од туризмот во износ од 2 милијарди долари.
Панама
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 450 долари, а за месечни сметки ви се потребни околу 75 долари. Тука може да се види изгрејсонцето над Тихиот океан и зајдисонцето над Атланскиот океан. Забавувајте се на плажите на Панама и живејте си како во одморалиште, без да трошите огромните суми, кои би ви биле потребни во други земји.
Внимание: Бидејќи голем дел од земјата е окупирана од тропска џунгла, тука сеуште се шират болести, за кои европејците не слушнале. Пред да ги спакувате куферите, посетете го матичниот лекар и примете ги потребните вакцини.
Непал
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 90 долари, а за месечни сметки ви се потребни околу 30 долари. Непал се наоѓа меѓу Индија и Кина. Земјата има забележителна култура и источна атмосфера. Тука се наоѓаат едни од највисоките планини во светот и алпинисти и авантуристи од целиот свет се собираат за да ги искачат. Девет од четрнаесетте највисоки планински врвови, се наоѓаат во Непал. Во оваа релативно мала по територија земја, живеат 22 милиони луѓе, од кои повеќе од половина не наполниле 21 година.
Виетнам
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 300 долари, а за месечни сметки ви се потребни околу 50 долари. Виетнам станува се попопуларен за туризам. Земјата нуди одлична и евтина кујна, еден оброк ретко чини повеќе од 5 долари, а една пиво е околу 1 долар. Во рестораните не се дава бакшиш. Виетнам е нација на оптимисти, кои преживеале војна по војна, колонизација и комунизам, а сега се впуштаат во светот на капитализмот. Виетнамците ревносно ја чуваат својата независност и суверенитет, но и покрај тоа срдечно ги пречекуваат странците. Во земјата има повеќе гужва од ноември до месец март и во јули и август, кога е највисока сезона за туризам во земјата. Цените се високи само за божикните и новогодишните празници.
Никарагва
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 150 долари, а за месечни сметки ви се потребни околу 40 долари. Во Централна Америка цените се традиционално ниски. Ако користите градски превоз, движењето може да ве чини 10 долари месечно, карта за фитнес за еден месец е околу 30 долари.
Индија
Просечна цена за изнајмување на живеалиште со една спална соба е 150 долари, а за месечни сметки ви се потребни околу 40 долари. Индија е најевтина земја за живеење во светот. Ако сте љубители на источната култура и сакате да дознаете повеќе за историјата, религијата и обичаите на овој народ, можете сосема евтино да поживеете тука една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.