Половина од територијата на Албанија во јужнот и во центалниот дел се под вода, јави доиписникот на МИА.
Од поплавените подрачја досега се евакуирани повеќе од 600 семејства и покрај тоа што дел од нив одбивале да ги напуштат своите домови.
Последните податоци на албанското Министертво за внатрешни работи потвдуваат дека се поплавени 17.000 хектари земјоделско земјиште, додека пет хектари земјиште на кое се изградени куќи се целосно се под вода.
Добар дел од жителите одбивале да ги напуштат доомовите не сакајќи да ги остават куќите и добитокот, но по барање на Кризниот штаб тие се евакуирани.
Состојбата во Албанија е оцента како многу ризична и дека постојано се влошува поради обилните дождови кои непрекинато врнат последните два дена, а има најави за нови врнежи и наредните денови.
– Евакуирани се повеќе од 600 семејства. За нив е обезбедено сместување. Но, најголемиот дел од нив сега се сместени кај нивни роднини. Поделени се 2.600 пакети со храна. Ангажирани се над 2.100 припадници на војската и други служби, како и стотици возила и чамци – изјави Флориан Серјани, портпарол на Кризниот штаб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.