| четврток, 6 декември 2018 |

„Вечер“: Заев сниман со законска дозвола, фајловите кај Заев се криминални и шпионски

Spion-Diplomatija-61-740x320-top

Јавното обвинителство ќе проверува како видеоматеријалите од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев дошле до медиумите, информираа од Обвинителството.

Во соопштението предупредуваат дека објавувањето на материјали што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон и повикуваат веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали.

Обвинителство пред два дена побара МВР да стапи во контакт со мрежата на која беше објавен видеоматеријалот за негово отстранување, како и отстранување на сите слични материјали што би се појавиле во иднина.

Во исто време, МАН, преку соопштение потсети дека медиумите во Република Македонија треба да бидат одговорни и да го почитуваат законот, кој наложува да не се објавуваат материјали, прислушкувани телефонски разговори, кои се незаконски создадени и прибавени, како и видео снимки со истите карактеристики… кои сами по себе се кривично дело, а нивното објавување кое нанесува ненадоместлива штета на учесниците е исто така кривично дело кое при објавување или пренесување би го сториле новинари и медиуми за што би потпаднале под законска и кривична одговорност.

За последици од спротивното однесување, посочуваат од МАН медиумите одговараат сами, потенцираат од новинарското здружение, и во постапките поврзани со прекршувањата по основ на наведените закони нема да имаат поддршка од Македонската асоцијација на новинари.
Кога монтирањето на аудио и на видеоматеријали е во прашање, странските експерти се на иста линија со македонските колеги, пишува „Вечер“. Според нив, многу е лесно да се создаде нешто неточно, нешто невистинито, односно фалсификат. Многу е лесно да се создаде фалсификуван документ. Процесот на монтирање, коментираат тие, воопшто не е комплициран процес, од научна гледна точка потенцираат дека тоа е многу лесна работа.

-Имате многу снимки од моите зборови, речениците кои ги изговарам, мојот говор, можете да ги одберете зборовите кои сакате да ги употребите за нешто. Потоа можете да ги залепите едни со други, притоа создавајќи еден нов аудио материјал, кој би можел да биде вистинит, но и не мора да биде вистинит. Значи, можете да го сечете материјалот. Ова е многу едноставно, знаете, имаме многу кодови, многу реченици кои се исечени од страна на луѓе кои едноставно го употребуваат делот кој им се допаѓа или не го споменуваат делот кој не им се допаѓа – смета проф. д-р. по информатички технологии Махди Корсави, кој има завршено на универзитетот во Окинава, Јапонија.

Според него, при обработката, или како што поинаку се нарекува- монтирањето на еден аудио разговор или на некој говор, многу е возможно да се стават зборовите едни врз други, а потоа да се појави некаков дисконтинуитет.

-Што се однесува на техничкиот тек, ќе се појави некаков дисконтинуитет кој може да се препознае од страна на експерти. Но потоа, пак, овие експерти можат да го прикријат тој дисконтинуитет со тоа што ќе стават некаква бучава во позадина, со тоа што ќе ги нормализираат деловите зашто постојат повеќе делови кои на вештачки начин се прилепуваат едни на други. Технички, со монтирање е возможно да се фалсификува аудио материјал. Технички, можам да ви кажам дека е лесно изводливо – вели Корсави.

Тој додава дека сепак потребна е голема база на податоци како зборови и реченици, бидејќи зборовите не можат да бидат генерирани од страна на компјутер.

-Значи, зборовите треба да бидат обезбедени од некои извори, од некои оригинални извори кои се вистински, но сепак, продуктот, композицијата може да биде и невистинита – смета Корсави.

Професорот по компјутерска наука д-р Димитро Зубов од Украина се согласува дека монтирањето на материјалите не е комплициран процес. Според него, тоа е лесна задача, од научна гледна точка, многу лесна работа, која вопшто не е тешко да се направи.

-Ако имаме некоја база на податоци, од неа можеме да земеме некои зборови или фрази и потоа истите да ги поврземе и да добиеме сосема поинаква содржина. На пример, јас во моментов зборувам и вие можете да исечете некои делови од моите реченици, па потоа да ги прилепите едни до други. На пример, вие поседувате смартфони, нели? И можете да го снимате она што го кажувате. На пример, снимате еден дел од говорот, па друг дел и потоа се обидувате да ги споите тие делови употребувајќи многу едноставен софтвер. Многу е лесно да се создаде нешто неточно, нешто невистинито, односно фалсификат. Многу е лесно да се создаде фалсификуван документ – вели професор Зубов.

Според СДСМ, Јавното обвинителство може да побара забрана за емитување снимки само доколку се направени како дел од посебни истражни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top