| четврток, 6 декември 2018 |

Од државните институции најчесто се барале информации од јавен карактер

информации

Барања за информации од јавен карактер граѓаните најчесто поднесувале до државните институции, потоа до локалната самоупрaва, од катастар, од министерствата, а најмалку од Јавните претпријатија и градинките.

Ова го изјави претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Република Македонија Пеце Тошевски кој денеска ја отвори дводневната работилница „Размена на искуства за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ што Комисијата ја организира во соработка со Инструментот на ЕК за техничка поддршка и размена на информации (TAIEX).

– Има различни барања од страна на граѓаните, но и од НВО-секторот. Невладините организации бараат информации од областа за која се специјализирале, како здравство на пример. Додека граѓаните имаат барања од различни министерства, различни органи и не може да издвојам посебно, се зависи од проблемот кој сакаат да го решат. Ние сме тука и постоиме за граѓаните во случај кога некоја институција затајува или не сака да им одоговри по нивните барања ние постапуваме ги задолжуваме и потоа ги добиваат информациите – вели Ташковски.

Тој посочува дека законот, кој го регулира ова право во Македонија е донесен 2006 година и предвидува во секоја институција да постои службено лице кое е должно да ги овозможи информациите коишто ги бараат граѓаните, а кои што се од јавен карактер. Во таа насока, подвлече, Комисијата постојано врши едукација на сите службени лица, но во согласност со можностите спроведуваат едукација и на граѓаните користејќи различни форми. – Во случај кога е побарано од граѓанин, секоја институција во рок од 30 дена треба да ги даде информациите. Доколку не ги дава тогаш секој граѓанин и секое правно и физичко лице има право на жалба до Комисијата, која како второстепен орган одлучува во однос на тие жалби – вели Тошевски.

Дубравка Бевандиќ раководител на служба при Повереникот за информирање на Република Хрватска, посочи дека Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во Хрватска е донесен во 2003 година. Од 2011 до 2013 Агенцијата за заштита на личните податоци ја вршела улогата и на независно тело за пристап до информаците, но било заклучено дека е подобро тоа да премине во надлежност на посебно тело и како институција се формирани во 2013 година.

– Покрај јавните и државните иснтитуции, кај нас под овој закон подлежат и трговските друштва кои се во мнозинска сопственост или на единиците на локалната самоуправа или на државата, така што доста жалби имаме на тие тела на единиците на локалната самоуправа и воочивме дека таму се потребни дополнителни напори за доследна примена на законот за слободен пристап до информациите – рече Бевандиќ.

Тина Крајгер Мишиќ, комесар за информации во Република Словенија, вели дека во контекст на законот важен е пристапот на информаци кои се од јавен интерес, а вели, најголеми бенефити од законот за слободен пристап до инфромациите треба да имаат токму новинарите.

Пјотр Дробек од Полското Биро на генералниот инспекторат за заштита на лични податоци вели дека покрај со закон правото на пристап до информации од јавен карактер во Полска е гарантирано и со Устав, но немаат посебно тело како во Македонија кое е задолжено за негово спроведување, туку е во надлежност на административните судови.

– Има голем број стотици и стотици случаи кои се покренати во однос на несоодветен третман на барањата за информации од јавен карактер на државно и владино ниво. Тоа е круцијално прашање за демократското општество и важно е да се види дека сите институции, а не само оние директно надлежни го почитуваат ова право – вели Дробек.

Покрај експерти од Хрватска, Словенија и Полска, членовите на Комисијата и вработените во нејзиниот Секретаријат, на овој меѓународен работен собир се поканети и претставници на институциите задолжени за спроведување на законот за спободен пристап во информациите од јавне карактер во судската власт, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Законодавно-правната комисија на Собранието и Секретаријатот за европски прашања, Комисијата за заштита од дискриминација, Државната комисија за спречување на корупција, Комисијата за верификација на факти, како и од ЗЕЛС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top