| четврток, 6 декември 2018 |

Се заканува ново невреме, апел до граѓаните

poplavi-5

Утрово во општина Битола се одржа состанок на локалното Кооринативното тело за спасување во кризи, на кој  присуствуваше и министерот за транспорт и за врски Миле Јанкиески, при што се разгледа моментната состојба во општина Новаци и предизвиканите штети од поплавите.

Во согласност со најавите од УХМР, од утре под влијание на влажен бран од запад ќе има врнежи, а локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во источните делови од земјава.

Повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, особено во источните делови. Потоа следува период на променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег. Од понеделник ќе биде значително постудено со засилен северен ветер.

Координативното тело посочи дека од утре ќе отпочнат и активности за санирање на прекопот што беше извршен на регионалниот патен правец Битола-Новаци, со цел негово нормализирање и враќање во првобитна состојба. На состанокот се упати апел до сите граѓани,  да донираат на отворените телефонските броеви на Црвен крст и колку што е можно повеќе да се помогне на загрозените подрачја.

Притоа, се апелира до граѓаните од загрозените региони, на кои име потребна помош веднаш да се јават во Центарот за управување кризи:

  Координативното тело повторно упати на следниве препораки:

-градоначалниците да ги стават на готовност сите ресурси што се на располагање,

-градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и од МВР,

-градоначалниците што имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и за спасување,

– градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,

– континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

-ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,

– сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,

– припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција

– возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,

– Апел до месното население да помага и да се активира.

Надлежните институции постојано се на терен во постојана координација и се преземаат сите мерки и ресурси, колку што е можно  да се спречат несаканите последици како резултат на временските незгоди што ја зафатија земјата во изминатиот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top