Општина Карпош почнува со голема хуманитарна акција за помош на граѓаните во поплавените подрачја во источните делови на Македонија. Акцијата се состои во прибирање донации во вода, средства за хигиена, трајни конзервирани производи, влажни марамчиња, тоалетна хартија, пелени и сл. Производите, граѓаните на Карпош, може да ги достават во специјални хуманитарни пунктови, кои ќе бидат отворени во 14 урбани заедници на територијата на Општината, како и во сите основни училишта и детски градинки што работат на територијата на локалната самоуправа.
Оваа хумана акција ќе трае секој работен ден, а дежурни пунктови (сабота и недела) ќе има во 14 урбани заедници од 10 до 14 часот. Акцијата ќе трае се додека има потреба од хуманитарна помош во поплавените подрачја зафатени од обилните дождови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.