Некои од македонските граѓани ја покажале својата хуманост и донирале на телефонските броеви за помош на загрозените граѓани од поплавите што ја зафатија Македонија, додека други не знаат дека постојат телефонски броеви за донации. Има и такви што велат дека сѐ уште не успеале да помогнат, но планираат тоа да го направат наскоро.
– Донирав преку СМС, сакам да бидам хуман во границите на своите можности. Треба да се има поголема солидарност кон сопствениот народ. Сметам дека кај нас постоеше подобра организираност во времето кога беа поплавите во Србија и Босна и Херцеговина – вели еден од граѓаните.
Според нив, Македонците се поподготвени да помогнат на некој од надвор, отколку на својот народ, но, сепак, сѐ повеќе се зголемува свеста и хуманоста за помош и кон своите сонародници, покажа анкетата на „Република ТВ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
Од невидени поплави до топлотен бран – најмалку 6 починати во Јапонија