| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Ненад Петков: Дој­де вре­ме ко­га сè по­мал­ку „се тр­пи“ ин­ва­ли­ди­тет

Иа­ко не­ма­ме пре­циз­на ста­ти­сти­ка, сли­ка­та во тра­у­ма­то­ло­шки­те ам­бу­лан­ти и се­којд­нев­но­то зго­ле­му­ва­ње на тие проб­ле­ми ука­жу­ва­ат де­ка е сè по­го­лем бро­јот на по­вре­ди и скр­ше­ни­ци кои се ре­зул­тат на на­ма­ле­на ко­ске­на гу­сти­на. Тоа зна­чи де­ка и Ма­ке­дон­ци­те сè по­ве­ќе стра­да­ат од бо­ле­сти на ко­ски­те, ве­ли д-р Пе­тков

Nenad Petkov ortoped (2) (Custom)

Д-р Ненад Петков, ортопед

Ско­ли­о­за, ди­скус хер­ни­ја, ар­три­тис, осте­о­по­ро­за се бо­ле­сти на ко­ски­те од кои сè по­че­сто стра­да и пом­ла­да­та по­пу­ла­ци­ја и кои пре­диз­ви­ку­ва­ат про­ме­ни на ко­ски­те. Што е по­треб­но да ги со­чу­ва­ме ко­ски­те за, ка­ко што се ве­ли, да ни тра­ат по­дол­го. Што тре­ба да сме­ни­ме во на­чи­нот на ис­хра­на и во на­чи­нот на жи­вот за на ста­рост да има­ме по­мал­ку здрав­стве­ни проб­ле­ми. Д-р Не­над Пе­тков е ор­то­пед во скоп­ска­та бол­ни­ца „8 Сеп­тем­ври“ и тој сме­та де­ка жи­ве­е­ме во вре­ме ко­га сè по­мал­ку „се тр­пи“ ин­ва­ли­ди­тет. 

Да­ли Ма­ке­дон­ци­те има­ат здра­ви ко­ски?

ПЕ­ТКОВ: Ко­ска­та е нај­го­лем ор­ган во чо­веч­ко­то те­ло. Ка­ко та­ква, таа го тр­пи стре­сот на се­којд­нев­на­та ди­на­ми­ка на жи­во­тот. По­ра­ди ло­ша ис­хра­на, на­ма­ле­на спорт­ска актив­ност, се­којд­не­вен стрес, си­те ор­га­ни во чо­веч­ко­то те­ло стра­да­ат, вклу­чу­вај­ќи ги и ко­ски­те. На тоа не се иму­ни ни­ту Ма­ке­дон­ци­те. Иа­ко не­ма­ме пре­циз­на ста­ти­сти­ка, сли­ка­та во тра­у­ма­то­ло­шки­те ам­бу­лан­ти и се­којд­нев­но­то зго­ле­му­ва­ње на тие проб­ле­ми ука­жу­ва­ат де­ка е сè по­го­лем бро­јот на по­вре­ди и на скр­ше­ни­ци кои се ре­зул­тат на на­ма­ле­на ко­ске­на гу­сти­на. Тоа зна­чи де­ка и Ма­ке­дон­ци­те сè по­ве­ќе стра­да­ат од бо­ле­сти на ко­ски­те.

Од бо­ле­сти­те на ко­ски­те сè по­че­сто стра­да и пом­ла­да­та по­пу­ла­ци­ја. Ско­ли­о­за, ди­скус хер­ни­ја, ар­три­тис, се нај­че­сти­те за­бо­лу­ва­ња што пре­диз­ви­ку­ва­ат про­ме­ни на ко­ски­те. Што тре­ба да сме­ни­ме во на­чи­нот на ис­хра­на и во на­чи­нот на жи­вот за да има­ме по­мал­ку здрав­стве­ни проб­ле­ми?

Nenad Petkov ortoped (1) (Custom)

Кај же­ни­те во ме­но­па­у­за по­треб­на­та ко­ли­чи­на кал­ци­ум е 1.500 ми­ли­гра­ми днев­но, кои тре­ба да би­дат пра­вил­но рас­по­ре­де­ни во те­кот на де­нот

ПЕ­ТКОВ: Мо­ра да сфа­ти­ме де­ка ста­ре­е­ње­то е жи­во­тен про­цес. Тој про­цес ни­кој не го из­ле­чил, за не­го не­ма лек. Тоа е ед­на ди­на­ми­ка на ко­ска­та, неј­зи­на раз­град­ба. Се­којд­нев­но се ре­мо­ди­ли­ра спо­ред на­чи­нот на жи­вот. За сре­ќа, има не­кол­ку со­ве­ти што ние ле­ка­ри­те мо­же­ме да ги да­де­ме за да по­мог­не­ме да се на­ма­ли бр­зи­на­та на раз­град­ба­та на ко­ске­но­то тки­во. Нај­ва­жен е на­чи­нот на ис­хра­на. Мо­ра да вне­су­ва­ме по­ве­ќе кал­ци­ум пре­ку ис­хра­на­та. Кал­ци­у­мот се вне­су­ва пре­ку ри­ба­та, зе­лен­чу­кот, ко­ске­сто­то овош­је, мле­ко­то од со­ја. Во тие про­ду­кти кал­ци­у­мот го има во по­го­ле­ма кон­цен­тра­ци­ја. По­треб­но е да се кон­су­ми­ра­ат и до­да­то­ци од кал­ци­ум. Днев­но­то ни­во на кал­ци­ум е 1.000 ми­ли­гра­ми во 20-ти­те, 30-ти­те и во 40-ти­те го­ди­ни од жи­во­тот. Ме­ѓу­тоа, по 40-та­та го­ди­ни се зго­ле­му­ва по­тре­ба­та од кал­ци­ум. Кај же­ни­те во ме­но­па­у­за по­треб­на­та ко­ли­чи­на кал­ци­ум е 1.500 ми­ли­гра­ми днев­но, кои тре­ба да би­дат пра­вил­но рас­по­ре­де­ни во те­кот на де­нот. Ма­кси­мал­на до­за кал­ци­ум во еден мо­мент е 500 ми­ли­гра­ми. Мно­гу е по­тре­бен и ви­та­ми­нот Д. За те­ло­то да го ап­сор­би­ра кал­ци­у­мот, по­тре­бен му е ви­та­мин Д. Тоа зна­чи де­ка са­мо кал­ци­ум не е до­вол­но. Има таб­ле­ти што се ком­би­на­ци­ја од кал­ци­ум и ви­та­мин Д. Мо­же­би тие би мо­же­ле да го ин­кор­по­ри­ра­ат во ед­но, ме­ѓу­тоа, са­мо по се­бе тоа не е до­вол­но. По­треб­на е зго­ле­ме­на фи­зич­ка актив­ност. Кол­ку по­ве­ќе ги оп­то­ва­ру­ва­ме ко­ски­те, тол­ку по­ве­ќе тие соз­да­ва­ат но­ва ко­ска. На при­мер, кос­мо­на­у­ти­те стра­да­ат од осте­о­по­ро­за би­деј­ќи кај нив не­ма оп­то­ва­ру­ва­ње, не­ма гра­ви­та­ци­ја врз ко­ски­те.

Зи­ма­та е во тек. Иа­ко сне­гот во гра­до­ви­те се сто­пи, не ја иск­лу­чу­ва­ме мож­но­ста за но­ви по­ле­ди­ци. Кол­ку ит­ни слу­чаи има­вте оваа зи­ма во бол­ни­ца­та „8 Сеп­тем­ври“ и да­ли не­кои од скр­ше­ни­ци­те мо­ра­ше да се ре­шат со опе­ра­ци­ја?

ПЕ­ТКОВ: Оваа се­зо­на имав­ме ре­кор­ден број скр­ше­ни­ци во ур­гент­ни­от цен­тар на бол­ни­ца­та „8 Сеп­тем­ври“. По­го­ле­ми­от дел од скр­ше­ни­ци­те се ре­ша­ваа без хи­рур­шка ин­тер­вен­ци­ја. Но, кај го­лем дел бе­ше не­оп­ход­на опе­ра­ци­ја. Ту­ка би ги спом­нал фра­кту­ри­те на кол­кот, рач­ни­от зглоб, скоч­ни­от зглоб, ка­ко и на ’рбет­ни­от столб. Тоа се ме­ста ка­де што осте­о­по­ро­за­та го зе­ма нај­го­ле­ми­от да­нок. Ние не­ма­ме проб­лем ко­га е нај­го­ле­ми­от снег. Но, ко­га ќе поч­не да се то­пи, ко­га ќе се раз­у­ба­ви вре­ме­то, из­ле­гу­ва­ат и по­ста­ри­те од до­мо­ви­те. Дој­де вре­ме ко­га сè по­мал­ку „се тр­пи“ ин­ва­ли­ди­тет. Ре­тко кој мо­же да се­ди до­ма. Жи­ве­е­ме во вре­ме ко­га дви­же­ње­то е жи­вот. По­во­зрас­ни­те ве­ќе не мо­же­ме да ги за­др­жи­ме до­ма. Си­те на­ши со­ве­ти да не го на­пу­шта­ат до­мот ко­га е сту­де­но и лиз­га­во, ко­ри­сте­ње по­ма­га­ла ко­га из­ле­гу­ва­ат, ко­ри­сте­ње слуш­ни апа­ра­ти, но­се­ње очи­ла со ди­оп­тер – не­ко­гаш и не ги слу­ша­ат.

Прем­но­гу вре­ме по­ми­на­то на комп­ју­тер мо­же да до­ве­де до по­ја­ва на Син­дром на кар­па­лен ка­нал. Да­ли мо­же да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за овој син­дром? Кои се пре­по­ра­ки­те и ка­ко да се ле­ку­ва?

ПЕ­ТКОВ: Син­дро­мот на кар­па­лен ка­нал е ко­га ме­ди­јал­ни­от нерв или нер­вот што оди кон длан­ка­та или т.н. кар­па­лен ка­нал е при­тис­нат. Тоа е ед­на си­ту­а­ци­ја во ко­ја се ја­ву­ва трп­не­ње, бол­ка во пре­де­лот на рач­ни­от зглоб и одре­де­ни де­ло­ви во длан­ка­та. Од не­го стра­да­ат да­кти­ло­гра­фи, лу­ѓе што ра­бо­тат по­ве­ќе вре­ме на комп­ју­тер, му­зи­ча­ри, осо­бе­но тие што сви­рат на жи­че­ни ин­стру­мен­ти, но и пи­ја­ни­сти. Има и бо­ле­сти што до­ве­ду­ва­ат до по­че­сто ја­ву­ва­ње на овој син­дром, ка­ко ди­ја­бет, проб­ле­ми со ти­ро­ид­на­та жлез­да. За сре­ќа, со пра­ви­лен трет­ман кај нај­го­лем број па­ци­ен­ти се ле­ку­ва ус­пеш­но и без ни­ка­кви пос­ле­ди­ци.

Со про­гра­ма­та на Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство за ис­пра­ќа­ње ме­ди­цин­ски пер­со­нал во здрав­стве­ни цен­три на еду­ка­ци­ја, пре­сто­ју­ва­вте во САД, во Цен­та­рот за спорт­ски по­вре­ди ка­де што се ле­ку­ва­ат нај­до­бри­те ко­шар­ка­ри и раг­би­сти. Ка­кво искус­тво ќе им пре­не­се­те на ко­ле­ги­те во Ма­ке­до­ни­ја и што на­у­чи­вте но­во?

ПЕ­ТКОВ: Бев на три­ме­се­чен пре­стој во Лос Ан­џе­лес, на Уни­вер­зи­те­тот „Ка­ли­фор­ни­ја“, во Цен­та­рот за спорт­ски тра­у­ма­ти­зам. Та­му имав мож­ност да ра­бо­там на ар­тро­ско­пи­ја на ра­мен зглоб, тоа бе­ше и цел­та на мо­ја­та по­се­та. Ние со го­ди­ни ра­бо­ти­ме ар­тро­ско­пи­ја на ко­ле­но и на ско­чен зглоб. Со таа еду­ка­ци­ја го за­о­кру­жу­ва­ме тој си­стем на ми­ни­мал­но ин­ва­зив­на хи­рур­ги­ја. Ги скра­ту­ва­ме бол­нич­ки­те де­но­ви, тоа исто та­ка е важ­но, да има­ме што е мож­но по­мал­ку ле­же­ње во бол­ни­ца, по­мал­ку то­вар за бол­ни­ца­та. Тоа е олес­ну­ва­ње ка­ко за па­ци­ен­тот, та­ка и за бол­ни­ца­та. Мис­лам де­ка е по­треб­но уште ра­бо­та. Има­ме го­ле­ма под­др­шка од упра­ва­та на бол­ни­ца­та, пре­ку на­ба­вка на ма­те­ри­ја­ли што ни се по­треб­ни. Оди­ме во на­гор­на ли­ни­ја. Со уште не­кол­ку еду­ка­ции во странс­тво си­гур­но де­ка ќе би­де­ме на до­бар пат да ги сле­ди­ме свет­ски­те трен­до­ви.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Игор Ан­ге­лов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top