| четврток, 6 декември 2018 |

Надзорник од „Идризово“ во куќен притвор бидејќи тепал затвореник

Виш надзорник од затворот “Идризово“ е во 30-дневен куќен притвор откако во декември минатат година претепал осуденик. По тепачката морало хируршки да се интервенира и на затвореникот да му се извади еден бубрег.
idrizovo-Small
СВР-Скопје го предаде лицето С.П. (33) од Скопје, вработен како виш надзорник во КПУ “Идризово“ Скопје поради основано сомнение дека на 12 овој месец околу 14.30 часот во КПУ “Идризово“ поточно на бензинската пумпа, по вербална расправија меѓу него и осуденото лице З.И. (37) од  Скопје, С.П. физички го нападнал осуденикот удирајќи го со тупаници во пределот на телото со што му нанел тешка телесна повреда.

Според изјавите на осудените лица З.И. и И.У. (26) околу 14.30 часот тие заедно се упатиле кон месноста позната уште и како  Свињарник во КПУ “Идризово“ со цел З.И. да му поправи телевизор на друго осудено лице и откако завршиле со работата двајцата осуденици заедно се упатиле во правец на бензинската пумпа со намера да се вратат во своите простории. Притоа биле затекнати од страна на С.П. кој им кажал дека немаат право тука да се движат. Истиот почнал да ги навредува со погрдни зборови и во еден момент физички го нападнал  З.И. удирајќи го со тупаници во пределот на телото при што му  ставил  лисици за врзување.  За кусо време  пристигнал и друг надзорник И.П. кој помогнал во спроведувањето на З.И. до дежурната просторија каде биле изготвени изјави од двете осудени лица и биле упатени во своите простории.

Попладнеото З.И. побарал да му се укаже лекарска помош бидејќи почуствувал голема болка во пределот на абдоменот, поради што истиот е пренесен во затворската амбуланта, а потоа и во Универзитетска Клиника за Урологија. По прелгедот, тој бил опериран и му бил изваден еден бубрег заедно со слезината, кај која исто така било констатирано крварење.

Од извршениот преглед на бубрегот, увидено е дека истиот бил раскинат, што според медицинските наоди можело да настане со дејствување на сила, односно како последица на удар или паѓање, иако по телото на З.И. не биле констатирани видливи модринки, крвни подливи и друг вид на повреди. Повредениот е задржан за понатамошно лекување во Клиниката за урологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top