| четврток, 6 декември 2018 |

Секој втор може да добие рак

HOBB-hronichna-obstruktivna-belodrobna-bolest-framar

Ракот е се уште болест за која нема лек, но постојат начини заболениот да се излечи ако болеста се открие на време. Црните прогнози се дека секој втор на планетава може да заболи од рак.

Британската организација „Кансер рисрч“ објави прогнози кои се попесимистички од оние од порано во кои се велеше дека секој трет може да заболи од канцер.

Позитивната работа е во тоа што се повеќе заболени може да ја преживеат оваа болест благодарејќи на раното лекување.

Заболувањето од рак најчесто се препишува на начниот на живот, исхраната и генетиката.

Новите проценки велат дека мажите родени до 1960 година имаат шанса да заболат 53,5 отсто, а жените 47,55 отсто. Ризикот, за жал се зголемува за лицата родени по 1960 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top