Горан Пандев повторно постигна погодок за галатасарај во меч од турскиот куп и покажа дека е вистински мајстор за вакви натпреварувања. Во 74. минута од мечот меѓу Галатасарај и Балчова Јасамспор, македонскиот интеренационалец беше прецизен и ја запечати победата на повеќекратниот турски шампион од 3-1.
Пандев и претходно на ривал со исто име Балчова, но Беледие му ја тресеше мрежата и тоа на двапати во победата од 9-1 во претходната фаза од натпреварите. Струмичанецот е втор според бројот на куп титули во Италија и има колекција од 5 пет круни, зад Роберто Манчини со шест. Со три различни тима, Лацио еднаш и по двапати со Интер и со НаполиГоран беше победник на италијанскиот куп.
Сега има шанса со Галатасарај во Турција да ја збогати колекцијата на куп трофеи на шест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



