| четврток, 6 декември 2018 |

И покрај поплавите, не е нарушен производниот процес во РЕК Битола

rek bitola

И покрај поплавите, не е нарушен производниот процес во РЕК Битола, пишува во соопштението на менаџментот на АД ЕЛЕМ.

„Големиот воден бран кој деновиве ја зафати Пелагонија и доведе до излевање на реката Црна кај село Новаци, не предизвика посериозни проблеми во работата на најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола. Производниот процес во комбинатот се одвива според планот, а експлоатацијата на јаглен се одвива континуирано, во согласност со условите на теренот. Во комбинатот се преземени сите мерки за работа во услови на елементарна непогода, ангажирана е целата расположлива механизација, зголемена е будноста и мобилноста на вработените и на менаџерскиот тим.

Состојбата на терен постојано се следи и навремено се преземаат потребните мерки и активности за да не дојде до нарушување на производниот процес и до предизвикување на штети по опремата и по безбедноста на вработените.

Поради оштетување на патот Битола – Новаци, комуникацијата со РЕК Битола ќе се одвива по алтернативни патишта, се вели во соопштението за јавноста во АДЕЛЕМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top