Кајти Холмс, актерката која лани го шокираше светот со веста дека се разведува од Том Круз, конечно се ослободи од влијанието на скиентологијата што и го наметна Круз и реши повторно да биде своја.
Во досега невидено издание актерката позираше на една плажа, рекламирајќи накит. По Кејт Мос и Кетрин Денев, таа е трета која е заштитно лице на бразилската куќа за накит „Х. Стерн“ чија колекција „Ирис“ е инспирирна од морето.
За Кејти Холмс ова е трета кампања со оваа бразилска куќа која следната недела отвара продавница во Лондон.
На една од фотографиите, актерката заводливо позира во топлез, прекривајќи ги градите со раце, на друга лежи во песок облечена во бикини каде што ја покажува својата завидна секси фигура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.