| четврток, 6 декември 2018 |

Путин се налути: Вие имате ли памет?

putin-se-skara-i-vyzstanoviha-spreni-vlakove-283683

Руските државни железници се откажаа да ги запрат возовите, пренесува Интерфакс. Денес претседателот на земјата, Владимир Путин,во Москва одржа состанок со членовите на владата на чело со Дмитриј Медведев.

Шефот на државата со остри зборови нареди сите линии на железницата, кои биле запрени, да бидат повторно пуштени во функција.

– Вие имате ли памет? Вашите дејствија се неодговорни, рече претседателот и додаде дека може да има запирање на возови, но само таму каде што има алтернатива за илјадниците луѓе.

Железничкиот превозник, имаше прогласен прекин на движењето во неколку региони во Централна Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top