Во полудиригиран жреб денеска беа одредени полуфиналните двојки во македонскиот куп во кошарка чиј домаќин ќе биде МЗТ Скопје.
Во полуфиналето ќе се сретнат МЗТ Скопје – Кожуф и Работнички – Куманово. Завршницата од купот ќе се одигра на 21 и 22 февруари во СЦ „Јане Сандански“ во термините од 17.30 и 20 часот.
Двете најдобри екипи од есенскиот дел од сезоната, Работнички и МЗТ Скопје, можат да се сретнат само во финалето ако ги победат своите противници од денешната жрепка.
Повеќе детали околу комплетната организација на завршницата во кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се откријат наредните денови, на дополнителна прес – конференција.
МЗТ Скопје Аеродром организацијата на завршниот турнир од Купот на Македонија го доби на лицитација, со понудени 730.000 денари, организирана од Македонската Кошаркарска Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.