| четврток, 6 декември 2018 |

Имотот на Мајкл Џексон ќе се претвори во детски камп

imenieto-na-djako-stava-detski-lager-283664

Имотот на Мајкл Џексон може да се претвори во терапевтски камп за деца кои биле жртви на сексуално насилство. Според сајтот „PageSix“, локален бизнисмен, сака да го претвори познатото ранчот „Недојдија“ во место каде што малолетници ќе можат да бараат психолошка помош. Тој е подготвен да го купи имотот од наследниците на Џексон по цена од 40 милиони долари.

– Неговата цел е местото да биде искористено за да се помогне на децата кои во слична убава околина, може да се опорават од својата повреда, објаснуваат блиски на бизнисменот, цитирани од „PageSix“ .

Во „Недојдија“ ќе работат терапевти, кои ќе ги забавуваат децата и ќе ги учат да јаваат, нешто што може да ја подигне нивната самодоверба.

Мајкл Џексон живееше во огромната палата од 1988 до 2009 година. Против пејачот имаше обвинувања за сексуално насилство врз малолетници, но ниту едно од нив не беше докажано и тој беше прогласен за невин. Неколку години по неговата смрт, сепак се појавија нови обвиненија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top