| четврток, 6 декември 2018 |

Напад врз болница во Донецк, најмалку 15 загинати

­ Болницата во Донецк, на истокот на Украина, денеска е погодена со артилериска граната, при што најмалку 15 лица се убиени и има голем број повредени, јави „Раша тудеј“ (РТ). ­

Во болницата има повеќе жртви. Според првичните податоци, повеќе од 15 лица погинаа, изјави локален претставник, кој нагласи дека болница е во пламен. Во гранатирањето се повредени и голем број луѓе, наведе Роман Косарев, дописникот на РТ од Донецк.

Во овој пладневен артилериски напад оштетени се и една станбена зграда во близината и високонапонски далновод, па сега целиот регион е без струја.

Градскиот совет претходно со соопштение наведе дека дистриктот Текстилшчик во Донецк денеска на пладне е гранатиран и дека една од гранатите паднала врз локалната болница.

Донецк, што се наоѓа под контрола на проруските сили, секојдневно е под удар на украинската артилерија и нападите продолжија и во текот на „тенкото“ примирје, што беше прогласено во септември, а борбите беа интензивирани во јануари, кога пропадна примирјето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top