| четврток, 6 декември 2018 |

Државни делегации, институции, друштва и граѓани положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Државни делегации, институции, организации, друштва и голем број на граѓани почитувачи на делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска положија свежо цвеќе пред неговиот гроб во црквата „Св.Спас“ во Скопје.

Во чествувањето по повод денот на раѓањето на револуционерот присуствуваа делегација на Владата на РМ предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, делегација на Собранието предводена од потпретседателот Антонио Милошоски, делегација од кабинетот на претседателот на РМ Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и други институции, организации, друштва и граѓани, кои се поклонија и положија свежо цвеќе.

По овој повод се одржи панихида, како и настап на мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top