| четврток, 6 декември 2018 |

Куновска ќе се бори за намалување на трговијата со луѓе

Јагнула Куновска, кандидатката на владеачката партија за градоначалник на Карпош, најави дека ако победи на локалните избори, ќе се бори за намалување на криминалот и на поголема едукација на граѓаните на општината за намалување на трговијата со луѓе.

jagnula-kunovska01

– За да расчистиме со ова зло потребно е прво да се соочиме и да ја подигнеме самосвеста на луѓето за самозаштита. Ова е кривично дело кое е казниво со закон, рече Куновска и додаде дека како адвокат има поголема можност да учествува во овие процеси и да им помогне на луѓето како да се соочат со ова зло – изјави Куновска на денешната трибина за „Трговија со луѓе“.

Куновска рече дека ќе се залага на ниво на општина да има едукација на граѓаните за борба против трговијата со луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top