| четврток, 6 декември 2018 |

Најдена дрога покрај кадата на ќерката на Витни Хјустон

00039347

Полицијата пронашла наркотици во станот на Боби Кристина Браун, откако девојката беше пронајдена онесвестена во када, соопшти американскиот сајт tmz.com. Сомнежите за злоупотреба на дрога се појавија веднаш по веста дека ќерката на пејачката Витни Хјустон и Боби Браун е пронајдена во безсознание и подоцна било неопходно да биде ставена во медикаментозна кома.

bobbi-kristina-brown-main

Самата Боби Кристина, по смртта на Витни, признавала дека имала проблеми со дрогата, но од неодамна тврдеше дека веќе не користи. Сепак и покрај тоа се чувствуваше дека таа многу тешко ја доживеа загубата на нејзината мајка, која беше пронајдена мртва во када во Беверли Хилс во 2012 година.

whitney-houston-bobbi-kristina-brown

При првиот преглед во станот на Боби Кристина полицајците не откриле ништо, но вториот пат, сепак пронашле нешто и одбиваат да коментираат дали станува збор за дрога.

Според последните информации, во последно време Боби Кристина била опседната од помислата дека наближува третата годишнина од смртта на нејзината мајка. Таа постојано зборувала за наоѓањето на Витни, падната на лице во кадата во луксузен хотел.

Парадоксално, 21 годишната девојка беше пронајдена речиси во истата поза.

Нејзини блиски раскажуваат дека Боби Кристина зборува многу повеќе за годишнината од смртта на мајка си, отколку за годишнината од нејзината свадбата, која исто така се наближува.

25279

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top