Неверојатно е сознанието дека што повеќе се истражува за човечкото тело, научниците откриваат се повеќе нови факти кои се неверојатни.
Ви откриваме неколку факти за човечкото тело, кои ќе ве натераат на размилување. Човечкото тело е совршенство кое не престанува да ги интригира научниците.
Ове се некои од фактите за кои не сте знаеле:
1. Човечкиот нос може да препознае 50.000 различни мириси.
2. Во текот на еден ден, крвта во човечкото тело поминува неверојатни 19.312 километри.
3. Научниците откриле дека во папокот живеат 1.500 видови на бактерии.
4. Киселината во желудникот е толку силна што може жилет да се растопи.
5. Доколку човечкото око би било камера, тогаш би имало резолуција од 576 мегапиксели.
6. Крвните садови се состојат од 160 илјади километри артерии, вени и капилари. Кога би се развлекле би можеле да замотаат Земјата четири пати.
7. За да израсне цел нокт, потребно е шест месеци.
8. Човечкиот мозок е способен во секунда да одработи 38 илјади милијарди операции.
9. Воздухот кој го исфрламе за време на кивање, достигнува брзина од 170 километри на час.
10. Бебето кога ќе се роди има 144 коски повеќе од возрасен човек, а тоа затоа што за време на растењето некои коски се спојуваат.
11. Доколку човек остане без желудник, слезина, бубрег, 80 отсто од цревата и 75 отсто од црниот дроб- и понатаму може да преживее.
12. Доколку направите некој израз на лицето кое имитира некоја емоција, истата таа емоција и ќе ја почувствувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.