Средовечна српска државјнака сакала се самоубие скокајќи во реката Пена во Тетово, но полицијалците ја спречиле трагедијата. Како што објасни потпаролот на СВР Тетово, Марјан Стрезовски, вчеравечер околу 19.45 часот, 48-годишната Д.В., српска државјанка, била спречена од двајца полицајци да си го одземе животот фрлајќи се во надојдените води на реката Пена.

Според исказите на полицајците, таа била под дејство на алкохол во моментот кога сакала да скокне. Раскажала дека има смејни проблеми.
Полицајците ја забалежеле жената како стои на мостот на Пена во непосредна близина на СВР Тетово. Тие и пришле и по кратко разговор ја убедиле да се тргне од работ на коритото длабоко три метри. Но, во еден миг таа се премислила и во моменот кога сакала да скокне, еден од полицајците ја фатил за раце и ја повлекол. Со помош од другиот полицаец тие ја спасиле жената и повикале Брза помош и Противпожарна екипа. Потоа и била укажана медицинска нега, а во текот на денот таа ќе биде предадена на Одделението за странци за да утврди дали нејзиниот престој бил легален и кои се мотивите за самоубиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


