| четврток, 6 декември 2018 |

Русинката обвинета за предавство пуштена од притвор

русинка

Русинката Светлана Давидова, мајка на седум деца, која минатата седмица е уапсена и обвинета за предавство на земјата, пуштена е од притвор за да се брани од слобода, јави телевизијата „Дожд“.

– Истрагата позитивно одговори на жалбата на одбраната за промена на казната, од казна притвор до крајот на март на можност за одбрана од слобода, со ненапуштање на земјата – изјави адвокатот на Давидова, Сергеј Бадамшин.

Давидова ја уапсија минатата седмица припадници на Федералната служба за безбедност, бидејќи е осомничена за предавство на земјата, затоа што на украинската амбасада во Москва и се јавила телефонски за можноста за префрлување на специјалци на руската разузнавачка служба во Украина.

Петицијата до Владимир Путин со апел да ја пушти да се брани од слобода, како мајка на седум деца, меѓу кои најмалото има само два месеци, ја потпишаа 40.000 луѓе

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top