Од денеска во сите основни и средни училишта, како и во градинките наставата редовно ќе се одвива согласно наставниот план.На вонредна седница синоќа Советот на СОНК донесе одлука за прекин на штрајкот по неколкудневни интензивни преговори со ресорните министерства при што бил постигнат прифатлив компромис.
На седницата на Советот на СОНК присуствуваа и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, а се расправаше по Предлог – спогодбата постигната во преговорите водени интензивно последните денови помеѓу највисокото раководство на СОНК и ресорните министри со најблиските соработници.
Врз основа на заемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила. Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог, соопшти Министерството за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст