Средината на неделава ќе биде претежно облачна. Нови врнежи, кои сепак нема да продрат целосно во источниот крај, туку само локално во овој регион ќе има повремен слаб дожд. Рано наутро, во западниот регион ќе има локална појава на сслаб снег по котлините, а на планините ќе имаме нови, но слаби снежни врнежи.Вво текот на вечерта врнежите ќе се повлекуваат, со мала можност слаб снег да имаме на Шара.
Според Метеопро максималната температура ќе има вредност околу 6°С низ котлините во земјава. Во јужниот дел на земјава максималната ќе достигне вредност околу 10°С.
Во скопската котлина се очекува претежно облачно време. Постои мала веројатност наутро да „пропрска“ слаб снег, но помешан со дожд. Во текот на денот се очекува слаб и повремен дожд. Вечерта носи намалување на облачноста. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 7°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.