Годините не се пречка за Северина. Тоа досега неколкупати го докажала, но шпага на 40 години воопшто не е наивна работа. Северина деновиве е во Љубљана каде што ја подготува короеграфијата за концертната промоција која ја очекува. Таа работи во словенечкото студио „Маестрал“ заедно со кореографот и светскиот првак во степ-денс Анже Шкрубе ги вежба точките за настап.

Има уште една недела до почетокот на туренјата на Северина која почнува со концерт во Риека, Хрватска. Пејачката одлучи на своите обожаватели да им припери незаборавен музички и сценски настап. На пробите досега покажа одлична кондиција.

Северина ќе има и концерт во Скопје на 14 април.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


