| четврток, 6 декември 2018 |

Долгото време пред екранот го нарушува спиењето кај младите

Младите кои поминуваат многу време пред екраните на телевизори, компјутери, паметни телефони, таблети или конзоли за игри, спијат кратко и тешко заспиваат, покажа истражувањето.

Тоа е спроведено меѓу 10. 000 млади Норвежани на возраст меѓу 16 и 19 години. Според резултатите од него подолго поминатото време пред екранот го спречува брзото заспивање и таквите луѓе ќе се обидуваат повеќе од еден час да заспијат.

Овој ризик се засилува со 49% кај луѓе кои седеле пред екран повеќе од 4 часа дневно, отколку кај оние кои имаат поминато помалку од час пред екранот. Најголем ризик за лош сон има за оние кои непосредно пред да си легнат биле пред екранот. Младите и адолесцентите имаат потреба физиолошки од 8-9 часа исполнет сон, за да се во форма следниот ден. Оние кои имаат навика да поминуваат повеќе од два часа дневно и да си испраќаат пораки, чепкаат на интернет или да “четуваат”, ризикуваат да спијат не повеќе од пет часа во текот на ноќта.

Научниците утврдиле и уште еден детаљ. Полош сон имаат лицата кои користат повеќе од еден електронски уред. Оние со два или три телефони имаат 50% веројатност да спијат помалку од пет часа на ноќ отколку оние со по еден апарат. Кај четири или повеќе уреди ризикот се зголемува на 75%.

Според научниците екраните на електронските уреди го стимулираат нервниот систем и емитуваната светлина се меша во биолошките ритми, што доведува до нарушувања на спиењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top