Тројца војници се ранети во напад со нож додека стражареле на влезот на еврејски центар во Ница, во јужна Франција, јави Би-Би-Си, а пренесува Макфакс.
Според локалните медиуми, еден војник се здобил со повреди на лицето, а еден на брадата, додека третиот е ранет во ногата.
Напаѓачот бил совладан и е притворен во притворската единица во Ница, додека две лица кои се сметаат за соучесници се во бегство.
Кај него се најдени документи за лична идентификација со името Кулибали, истото име како и на напаѓачот во кошер маркетот во Париз.
Заменикот на градоначалникот на градот, Кристијан Естроси, ги осуди нападите и побара жестока казна за сторителите.
Франција не го спушти нивото на безбедност по терористичките напади во и околу Париз кои се случија на почетокот на јануари, а повеќе од 10.000 војници се распоредени на осетливи локации како што се синагоги, џамии и културни центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


