| четврток, 6 декември 2018 |

Се излеа Крушевичка Река кај Росоман

Се излеа Крушевичка Река кај Росоман, загрозен е дел од асфалтот на регионалниот пат Градско Прилеп, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов.

-Поголеми штети засега нема. Во текот на денот пристапивме кон чистење на наносите и превентивно чистење на околината за да не дојде до поголеми последици.

Утврдени се критичните точки во општината и се превземаат активности за спречување на штети од поплавите. На помош на општината се приклучи и фирмата „Машинокоп” со својата механизација, соопшти Лазов.

Тој нагласи дека будно се следи состојбата на терен се со цел навреме да се реагира доколку биде потребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top