| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите на Работнички во полна пареа се подготвуваат за Суперлигата

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички по кризата во која што западна, конечно е на пат да го врати својот стар сјај.
Во тек се сериозните и напорни подготовки и тренинзи на момците за почетокот на Суперлигата. Во последно време може да се забележи ивзоредна позитивна енергија мегу нив, воиграност, неуморна посветеност и меѓусебна соработка.
r2
Влегувањето во суперлигата е потврда на вистинскиот пат по кој се движи клубот, со ветување и обврска кон навивачите и поддржувачите на КК Работнички, дека следната година ќе биде уште по подобна од оваа, бидејки сите проблеми и недостатоци, кои извесно време го гушеа клубот, ќе бидат во целост надминати.
Вложувањата на клубот во нови играчи, нов тренер, решавањето на финансиските проблеми во кои се гушеше клубот, подобрување на условите за работа во сала и тн., се само дел од работите кои покажуваат иницијатива за повеќе и подобро.
r10
Очекувањата на спортската јавност се дека заедно со враќањето на клубот, повторно ќе се врати и сликата на преполните трибини во салата во Градски Парк, а со тоа и враќање на успесите.
Сепак, иако голем дел од работите се решени и клубот очевидно е во добра насока, остануваат големи предизвици за да може да се каже дека се крена на нозе старата гордост од „Градскиот Парк“.
r4
r14
r17

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top