
Две лица денеска грабнаа камион што превезувал поштенски марки во вредност од околу 20 милиони евра. Камионот беше грабнат изутринава во Бри-Комт-Робер во францускиот регион Сена и Марна, јави дописникот на МИА од Париз.
– Околу осум часот изутринава беше грабнат камион, кој не бил во бојата на француската пошта, но работел за неа, натоварен со поштенски марки и коверти со отпечатени поштенски марки, чија вредност е проценета на 20 милиони евра – изјави извор близок до истрагата за француските медиуми.
Според првите сознанија на истрагата, две лица паркирале еден друг камион пред возилото што ги превезувала марките на паркингот на еден супермаркет во Бри-Комт-Робер. Потоа тие успеале да го одземат камионот и да побегнат со него.
Возачот на камионот кој ги превезувал марките, успеал да го извести поштенскиот центар и силите на редот. Истрагата и е доверена на судската полиција од Версај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


