Пејачката Александра Ковач откри како настанала легендарната љубовна песна на Здравко Чолиќ „Ти си ми у крви“ која се пееше ширум поранешна Југославија и колку малку фалеше воопшто да не постои, пишува „Блиц“.
Нејзиниот татко Корнелије Ковач е заслужен за многу хитови во поранешната Југославија, од песните на Здравко Чолиќ, преку Бајага, Индекси, Корни група и многу други. Сепак една од најубавите песни на Чолиќ е дело на покојната мајка на Александра, Споменка Ковач.
– Има една приказна која мене ми ја раскажа татко ми. Имено, мајка ми во моментот кога ја пишуваше таа песна не беше популарен писател, туку само сопруга на Корнелије. Здравко не бил воодушевен со тоа таа да го пишува текстот за неговата песна, сметал дека треба да ја напише некој сериозен. Тогаш татко ми го замолил да и даде прилика на Споменка и понудил Бајага да и помогне околу текстот – открива ќерката Александра.
Во моментот Бајага работел на остатокот од албумот, па ја понудил својата помош, но сфатил дека неа не ѝ е потребна.
– Бајага и рече дека не и треба никаква помош и таа самата го напиша текстот на „Ти си ми у крви“. Но, ете, интересно е што и покрај сиот скептицизам, таа напиша еден антологиски текст – раскажува пејачката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





