Австралискиот мотивационен говорник Ник Вујичиќ и неговата сопруга го очекуваат второто дете. Вујичиќ е познат во светот како човекот што ги надминал своите огромни физички недостатоци. Иако е роден без екстремитети, тој со своите мотивациски говори и фондацијата за поддршка на луѓето со слични маки како неговите докажа дека кога си доволно упорен можеш да надминеш сѐ.
Неговата сопруга е во третиот месец од бременоста, а заедно го имаат синот Кијоши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




