| четврток, 6 декември 2018 |

Митинзи на СДСМ во Аеродром и Бутел

Опозициската СДСМ синоќа во Аеродром и Бутел имаше митинзи на кои се претставија кандидатите за градоначалници на овие две скопски општини – Диме Велковски и Коста Нечевски.

Велковски го овини актуелниот градоначалник на Аеродром и кандидат на ВМРО ДМПНЕ за истата функција Ивица Коневски дека не го остварил она што го ветил пред граѓаните.

dime velkovski

– Каде е ветената гасификација на општината, каде е реконструкцијата на патот помеѓу Долно и Горно Лисиче, каде се две од трите ветени градинки во Аеродорм, каде се двете основни училишта, а каде се тротоарите на улиците „Васко Карангелевски“ и „Коста Новаковиќ“, каде се ветените индустриски зони во Аеродром – изјави праша Велковски на вечерашниот предизборен митинг на „Сојузот за иднината“ во општина Аеродром.

На митингот пред присутните се обрати и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, кој истакна дена на овие избори граѓаните треба да ја казнат власта за лошото владеење.

Партиите од „Сојузот за иднината“ вчерa имаа митинг и во населбата Бутел каде беа промовирани кандидатот за градоначалник на општина Бутел  Коста Нечевски и кандидатот за градоначалник за Скопје Јани Макрадули.

Беа претставени и советничката листа за Бутел и нејзиниот носител Велимир Смилевски.

Лидерот на СДСМ порача дека во Начевски и во Макрадули и Бутел и Скопје ќе ги добијат вистинските луѓе за вистински промени кои ќе покажат како се владее домаќински наспроти пропаста што ја донело владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top