| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродромци ќе добијат нов парк (фото)

9500Sequence-03.00_02_21_21

Пешачки патеки, летниковци, чешми, клупи, кошници за отпадоци, жардиниери, урбана опрема и многу зелено, ќе содржи новиот парк во општина Аеродром, чијашто изградба почна денес. Паркот кај последна „петка“, на површина од девет хектари ќе биде готов и пуштен во употреба за граѓаните во јуни годинава.

Градоначалникот Ивица Коневски истакна дека со хортикултурно и партерно уредување на овој простор ќе се создаде уште едно пријатно катче за претстој во општина Аеродорм, во кое сите генерации ќе си најдат свој простор.
Градскиот татко Коце Трајановски нагласи дека вредноста на оваа инвестиција е околу 16 милиони денари и ќе биде финансирана од Град Скопје.

23500Sequence-03.00_09_06_1

5000uuunnamed

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top