| четврток, 6 декември 2018 |

Од четврток вечер нов влажен бран

poroen-dozd1-540x272

Од четврток вечер Македонија ќе потпадне под влијание на нов влажен бран од запад поради што во текот на ноќта и в петок се очекуваат нови пообилни врнежи. На планините врнежи ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Преку ноќта и во утринските часови в петок врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а во текот на денот поради поместување на облачната маса на исток, пообилни врнежи се очекуваат во источните делови. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на квадратен метар воден талог.

Повремено ќе дува засилен ветер претежно од западен правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top