Меѓународниот суд на правдата ја отфрли тужбата на Хрватска против Србија за извршен геноцид на хрватска територија од 1991 до 1995 година.
Како што наведе претседателот на судот, Петр Томка, тужбата на Хрватска се отфрла бидејќи не се докажани обвиненијата дека е извршен геноцид.
Словачкиот судија за време на читањето на пресудата рече дека Србија не може да биде одговорна за дела извршени пред 27 април 1992 година поради тоа што СРЈ дури тогаш станала членка на Обединетите нации и потписничка на Конфенцијата на ОН за спречување и казнување геноцид.
Тој наведе дека голем дел од сведочењата кои ги изнела Хрватска пред судот имаат недостатоци, како и дека бројни полициски записници предадени на судот се без потпис од лицата кои ги давале изјавите.
Што се однесува на контратужбата, Томка рече дека МСП оценил дека таа е втемелена и врзана фактички и правно за основната тужба.
Бидејќи Хрватска станала потписничка на Конвенцијата на 8 октомври 1991 година, делата извршени во 1995 година, односно за време на „Бура“ се опфатени со Конвенцијата, а за тоа дали судот утврдил дали имало геноцид ќе биде соопштено подоцна.
Пресудата на МСП е конечна и обврзувачка за сите членки на ОН и државите имаат обврска да постапат по неа, а немаат право на жалба на одлуката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


