| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата од „Денот на независноста“ бесна на Мердок: Сакаш да ме е**ш Руперт? Е, сега ќе те е**м јас тебе!

Тие што го следат светот на филмот многу веројатно се запознаени со актерот Ренди Квејд, кој во последните десетина години немаше познати улоги на големото платно, но затоа често ги полнеше новинските страници со своите луди испади.

randyquaid_03022015_screen

Но, се чини дека Квејд, за многумина познат само по улогата во блокбастерот „Денот на независноста“, овој пат продолжи чекор напред, а своето вообичаено напаѓање за евентуалниот заговор на моќниците, кои сакаат да го уништат него и неговата сопруга, го подигна на повисоко ниво.

Во видеото што го објавил на „Јутјуб“, 64-годишниот Квејд се обраќа на публиката додека неговата сопруга, поранешната манекенка Евгина седи на креветот облечена во бикини.

Тој во видеото ги обвинува компаниите „Ворнер брос“ и „Њуз корп“ за водење кампања против него.

Видеото завршува така што неговата сопруга става маска со ликот на медискиот магнат Рупер Мердок, додека Квејд симулира секс.

– Сакаш да ме е**ш Руперт? Е сега ќе те е**м јас тебе! Еви, стави ја маската! – говори растревожено актерот, кој уште еднаш повтори дека „лоша холивудска секта“ планира негово убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top