| четврток, 6 декември 2018 |

Oливера се натпреварува во американското „Гласот“ и „Америка има талент“

За извонредниот глас на младата прилепчанка наскоро ќе дознаат сите во САД. Пејчката Оливера Ѓоргоска, која пред неколку години замина во Флорида на магистерски студии по соло пеење, се пријави на две популарни шоуа за откривање на таленти.

Ѓоргоска, која од неодамна жиее во Лас Вегас, се пријави на „Гласот“ (The Voice) и „Америка има талент“.

За нејзиниот талент ќе судат Адам Левин од „Марун 5“, Кристина Агилера и Фарел. Новата сезона на шоуто наскоро ќе почне со прикажување, а во Македонија ќе биде достапно преку торент.

Во Лас Вегас, нашата пејачка ќе ги подготвува докторските студии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top