| четврток, 6 декември 2018 |

Слободно возете, нема забрана за тешки моторни возила кај Ѓавато

Забраната за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Ѓавато која беше воведена утринава, е укината поради нормализирање на состојбата на патиштата, информираат од АМСМ.

gavato

АМСМ препорачува винателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, посебно на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top