| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дарфур киднапирани двајца руски пилоти

darfur-01
Двајца Руси биле киднапирани во суданската провинција Дарфур, соопшти Амбасадата на Русија во Судан дополнувајќи дека се преземаат мерки за нивното ослободување, пренесоа француските медиуми.

Портпаролот на руската амбасада не откри детали за случајот, ниту посочи каде работеле двајцата грабнати, пред сѐ, за да не му се нанесе штета на процесот на нивно ослободување.

Според руските медиуми, двајцата биле вработени во руската авиокомпанија „Јутер“ и во Судан работеле според договорот со мисијата за поддршка на мирот на Африканската унија и ОН во Дарфур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top