Модните марки „ХиМ“, „ЦиA“ и „Дајхаман“ и рестораните за брза храна КФЦ во наредните три години доаѓаат во Македонија, дознава неофицијалнo „Капитал“. Според нивните информации, може да се очекува ресторан на КФЦ во Скопје да се отвори уште годинава.
Неофицијално се дознава дека и модната марка „ескада“ го испитувал теренот за влез на македонскиот пазар преку една од фирмите што веќе носи препознатливи марки во земјава. Но, од „Ескада“ барале локација за дуќан во чијашто околина ќе има продавници на барем три-четири марки од овој ранг, што било многу тешко да се обезбеди, пишува „Капитал“.
Општиот впечаток е дека познатите светски марки како да ја заобиколуваат Македонија. Балканските земји влегоа во мапите на сè повеќе модни марки, индустрија за мебел и домаќинство, ресторани за брза храна, а Македонија е последна во редот. Словенија и Хрватска се првата дестинација на Балканот за меѓународните имиња како „Икеа“, „Зара“, „ХиМ“, „Мохито“, „Лего“, „Пица хот“, „Мек“… На нивните пазари се присутни и скапи марки. Македонија е последната и многу од марките што се веќе присутни во регионот, во земјава ги нема.
Македонија не е атрактивен пазар за меѓународните компании, пред сè, од модната индустрија бидејќи носењето една марка бара голема инвестиција (околу еден милион евра на почеток), а приходите на инвеститорот се ограничени и многу помали отколку во другите земји. Проблемот е ниската куповна моќ на населението, дури и за марките што спаѓаат во средната класа. За скапите марки не станува ни збор да влезат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст