| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со реакција за објавената снимка за случајот „Пуч“

adsa

Објавената видеоснимка во вестите на ТВ „Сител“ од еден од разговорите меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев по објавувањето на случајот „Пуч“, според опозициската СДСМ,  „е класична потврда и клучен доказ за тоа кој во Република Македонија снима и следи комуникации“.

Во соопштение СДСМ прашува кој друг освен Груевски може да снима во неговиот кабинет и оценува дека со направената снимка се потврдувале тврдењата на Заев за следење и снимање граѓани.

„Со вакото постапување се прави кривично дело неовластено снимање и прислушување според член 151, став 3 и член 152 од Кривичниот закон, наведува во соопштение СДСМ“, упатувајќи одделно на содржината на членовите од Кривичниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението од СДСМ по објавената видеоснимка од разговор на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повикува надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор.

„СДСМ, очигледно, е во паника зашто е фатен жив. Вакви штури соопштенија и површни објаснувања нема да го измијат срамот на Зоран Заев. Кој снима и кој користи такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top