| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција за Хелсиншки Комитет

Коалицијата на невладини организации Право и правна држава испрати соопштение до јавноста, кое ви го пренесуваме во целост.

– Хелсиншки Комитет се обидува да манипулира со јавноста.

Навистина е за жалење што една организација која себе се нарекува експертска во јавноста да излегува со груби конструкции и основни непознавања од областа на правото и правната држава.

Хелсиншкиот Комитет наместо по наредба да изигрува адвокат на осомничените во случајот Пуч, треба да ги согледа фактите на кои се базира овој случај.

Осомничениот Зоран Заев во случајот Пуч не се третира како закана затоа што сакал да објави корупциски скандал, туку затоа што прибавувал противзаконски стекнати материјали од странска тајна служба и дека со така прибавените материјали лично го уценувал Премиерот на Република Македонија.

Ако сакал Заев да објави и да обелодени скандал зошто тогаш тајно преговарал и го уценувал Премиерот дека ако му прифати политичко барање тогаш нема да ги објави овие работи.

За потсетување, согласно Уставот и законите власта во Македонија се добива и се губи на избори, а не со уцени и материјали добиени од странски разузнавачки служби.

Да резимираме: не е рушење на уставниот поредок објавување на корупциски афери, туку противзаконски прибавување на материјали и соработка со странски разузнавачки служби. На крај Хелсиншкиот Комитет да се запраша, а добро е и да го праша Заев, што им ветил на странските тајни служби за возврат, што договорил, за што преговарал и на што се обврзал?

Но, разбираме дека Хелсиншккиот Комитет ова нема да го направи, затоа што во раководството на оваа организација членуваат високи партиски функционери на СДСМ. Тие очигледно добиле задача очајно на секој начин да го бранат Зоран Заев од мрежата во која сам се заплеткал, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top