Двајца млади од Нов Зеланд за време на викендот имале секс во банката во која работат во градот Кристчрч. Нивниот чин можеби би останал незабележан, доколку не ги оставиле вклучени светлата и на посетителите на блискиот бар не им приредиле вистинска претстава.
Многу брзо биле вклучени камерите на многу мобилни телефони, а фотографиите и видеозаписите од „шоуто“ собрале илјадници лајкови и коментари на социјалните мрежи, пренесува News.com.au.
Од компанијата чии работници се предале на страста, кажале дека е започната истрага, како и дека се разочарани од однесувањето на колегите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







