ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Скопје – с.Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско. Ренџерската служба на ЈП ЈАСЕН во рамките на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.
Поради излевање на реката Брегалница превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село.
Патен правец Прилеп-Крушево во близина на с.Врбјани (кај мостовите за лесни ПМВ) е во прекин, а исто и помеѓу селата Боротино и Обрашани и Кривогаштани.
На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила.
Магистрален пат А-3 Делчево-Кочани е пренасочен по Р 2345 преку с.Бигла поради поголеми одрони кај м.в Драките.
Сообраќајот за сите сите видови на моторни возила на локалниот пат крстосница 20 ти км брана Мантово е непрооден поради излевање на реките.
Од крстосница за влез во централното градско подрачје на Штип сообраќајот е затворен за сите моторни возила.
Регионален патен правец од с.Тополчани кон с.Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.
Сообраќајот на регионалниот пат Р-2232 кај м.в Глобица атар на с.Ратавица поради свлечување на брегот и на поголем дел од коловозот во ширина сообраќајот е во прекин, локалниот пат с.Ратавица према с.Бунеш е во прекин поради поткопување на патот и рушење на мостот на река Злетовица.
Сообраќајот е во прекин и на патниот правец с.Горни Подлог-с.Мојанци поради излевање на река Масалница и патниот правец према с, Кучичино поради излевање на реката Брегалница.
Регионален пат Крушево-с.Пуста Река не е прооден поради тоа што екипа на Македонија пат не е помината. Чистењето на тој патен правец е во текот на денот.
Прекин на сообраќајот има на следните патни правци: регионален патен правец с.Мало Коњари-с.Кадино Село како и ПРСМВ Прилеп-Кривогаштани на м.в Бегова Ливада има премногу вода но не е во прекин.
Сообраќајот на пат.правци Кочани – Зрновци и Трботивиште-Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на р. Брегалница.
Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.
Забраната за движење поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.
ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.
ИНФОРМАЦИЈА: Регионалниот патен правец с. Новаци- Рибарци-Гнеотино-Брод, како и патот од с.Кременица до с. Гремијан се под вода и на истиот има поголеми оштетувања.
На патниот правец Делчево – Македонска Каменица на 14-тиот ина 27-миот километар во должина од 200 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Мостот на реката во с. Гремијан е пред уривање.
На пат.правец Р1306 Прилеп- Кривогаштани- Крушево на поради излевање на одводните канали на коловозот има вода во висина од 20цм. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Автомотосојуз на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


