| четврток, 6 декември 2018 |

„Мид Европа Партнерс“ ги купува српските „Бамби“, „Имлек“, „Књаз Милош“

Мид Европа Партнерс“, најголем инвестициски фонд специјализиран за инвестиции во Централна и Источна Европа, потпиша договор за преземање на фирмите на Дејнуб фудс група во чија сопственост се српските компании „Имлек“, „Млекара Суботица“, „Бамби“ и „Књаз Милош“.

Тој инвестициски фонд ги купил и сите млекари што се во состав на „Имлек“ и работат во Македонија, Република Српска и Црна Гора, јави Танјуг.

Склучување на трансакцијата се очекува во првата половина од оваа година по исполнување на сите услови од купопродажниот договор. Не се соопштени податоци за финансиските трансакции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top