| четврток, 6 декември 2018 |

Затворен патот Скопје – Македонски Брод поради големи одрони

­ Сообраќајот на патниот правец Скопје – село Брезница – ­Кула -­ Коломонт ­- Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт ­- Близанско, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Ренџерската служба на ЈП „Јасен“ во рамки на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.

АМСМ информира и дека од 15 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top