| четврток, 6 декември 2018 |

Затворен за сообраќај патот Штип – Радовиш, се излеа Брегалница

poplavi-15

Патот Штип – Радовиш е затворен за сообраќај бидејќи има излевање на Брегалница кај четвртиот километар.

Надлежните сугерираат сите што патуваат кон лакавичкиот регион да го користат алтернативниот пат од клучката кај Три Чешми кон Радовиш.

Водениот бран од браната „Калиманци“ пристигна во Штип. Поради зголемено ниво на водата, се аплеира до граѓаните да бидат внимателни, стоката да биде повлечена на повисоки места и да се избегнува близок приод до реката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top