| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Потребна е помош за поплавените во Пелагониско

unnamed (7)Пратениците и советниците на СДСМ од Битола, од општина Могила и од општина Новаци, изминатите неколку дена се во сите населени места коишто се загрозени од поплавите предизвикани од излевањето на Црна Река. Главна причина за поплавите во Пелагонија, за поплавеното битолско и прилепско поле, се неисчистените канали на Црна Река – велат од СДСМ.

Тие велат дека на овие луѓе итно им е потребна помош. Пред сѐ, да се исчистат каналите, да се одводнат површините и да се преземат сите мерки коишто се во надлежност на Владата и на надлежните органи. Ја повикаа власта, којашто е надлежна, веднаш да им помогне на луѓето, да ги преземе сите мерки за помош на населението, да се исчистат водите од домовите и од населените места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top